Имаме среќа што Зоран Заев беше чесен политичар, гласи коментарот на Игор Дурловски, по веста за апсењето на поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов.
Разбирлива е ироничната порака на истакнатиот македонски оперски пејач, кој долго време беше угнетуван заедно со останатите македонски патриоти од „27 април“ од власта на „чесниот политичар Заев“ за кого сега „имаме среќа“.
Како што веќе објавивме, Борисов, кој беше близок пријател и колега на Заев додека двајцата беа премиери, синоќа беше приведен во акција на бугарската полиција.