Битола синоќа потона од поројниот дожд. Нерешените комунални проблеми на локалната власт се излеаjа по улиците и ги покажаа на дело резултатите од владеење на СДСМ, објави Игор Дурловски, кој е носител на листа во изборната единица која го покрива овој регион.
– Граѓаните на Битола имаат многу наталожени проблеми и реални потреби кои некој треба да ги реши. Битола не го заслужува ова! Битола заслужува посветено и со љубов да се гради и води, напиша носителот на листа во ИЕ 5 од ВМРО-ДПМНЕ, објави Дурловски на Фејсбук.