Шкариќ го одмрзнуваат кога треба да брани неодбранливо, коментира Игор Дурловски, за тезите на проф. Светомир Шкариќ кој го поддржува СДСМ за брзи јунски избори.
– Жално е како еден универзитетски професор станува гласен во пофалба на глупоста а беше нем на сите (не)правни акробации од блиското минато, објавува Дурловски на Фејсбук.
Овој коментар се однесува на изјавата на Шкариќ дека „изборините дејствија продолжуваат истата секунда кога ќе се објави крај на вонредната состојба“ и дека е „неуставно“ ако тоа не се направи.