Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши соопшти дека по скратена постапка во Собранието е донесен Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва. Овој Предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за трговски друштва е заснован на Реформската агенда, која е составен дел на Планот за раст на земјите од Западен Балкан, усвоен од Европската Унија. Според Реформската агенда, конкретно делот 4.1.5. Реформи во управувањето со државни компании, Република Македонија има обврска до крајот на годината да го донесе Предлог на Законот за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва, со кој за државните компании се воведуваат нови правила за именување независни неизвршни членови во одбор на директори, односно независни членови во надзорeн одбор.

Доколку оваа мерка навремено биде реализирана, согласно Реформската агенда за Република Македонија, предвидено e да повлече финансиски средства во износ од 4.400.906,47 евра.

Известувањето по Предлогот за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва има за цел да воспостави посебни услови со кои се утврдува потребното работно искуство за избор и именување на независни неизвршни членови на одборот на директори, односно независните членови на надзорниот одбор во друштвото со одговорност и акционерскиот совет, во целосна и доминантна државна сопственост. Со други зборови, за избор и именување на независен неизвршен член на одборот на директори, поточно независен член на надзорниот одбор, кандидатот мора да има најмалку четири години работно искуство, конкретно во областа на финансиското работење и правните прашања.

На овој начин, се очекува со Предлог-законот да се создаде соодветна правна рамка за прилагодување на критериумите за избор на независни неизвршни членови во одборот на директори и независни членови во надзорните одбори во акционерските друштва со доминантна државна сопственост, во насока на обезбедување на квалитетно управување и ефикасност, а со тоа да се придонесе за подигнување на стручноста и професионалноста во управувањето и надзорот на работењето и управувањето со овие компании.