Душко Илиевски, познат како Душко млекарот, своевремено еден од најгласните поддржувачи на СДСМ во Битола, на својот Фејсбук профил објави статус каде бара Државната комисија за спречување на корупција да истражи како поранешниот генерален секретар на СДСМ, Александар Кирацовски за две години се стекнал со хациенда во строгиот центар на Битола и автомобил од марката Опел „Инсигниа“ вредна 50 илјади евра.