Денеска во Скопје на 76-годишна возраст почина филмскиот режисер Кирил Ценевски, автор на режисер на повеќе филмови, меѓу кои најпознат е „Црно семе“.

Ценевски уше со првиот филм Црно семе ги освои не само најголемите награди на фестивалите во тогашна Југославија, туку е и прв македонски игран филм кој учествувал и бил наградуван на интернационални филмски фестивали.

Роден е во Крива Паланка 28 јануари 1943 година. Тој е македонски филмски режисер и сценарист, а студирал на Архитектонско-градежниот факултет во Скопје.

Со киноаматеризам се занима уште од студентските денови. Првпат на игран филм професионално е ангажиран како асистент на режисерот Љубиша Георгиевски во филмот Цената на градот (1970), а во 1971 година Ценевски го режира Црно семе, за кој доби повеќе награди, меѓу кои Златна арена за режија на фестивалот во Пула, Златен венец за најуспешен деби, 11 Октомври и др.

Ценевски за својот труд има освоено повеќе награди: 1971 ФЈИФ Пула, Златна арена за режија / „Црно семе“ 1971 ФЈИФ Пула, Златен венец за најдобар режисер дебитант / „Црно семе“ 1971 МФФ Москва, Награда „Жар птица“ за најдобар режисер дебитант / „Црно семе“ 1972 МФФ Авелино, Награда Laceno D’Oro за режија / „Црно семе“ 1972 Југословенски кандидат за Оскар 72 / „Црно семе“ 1972 Награда 11 Октомври за „Црно семе“ 1976 МФФ Карлови Вари, Специјална награда за филмот / „Јад“ 1980 ФЈИФ Пула, Награда „Првомајска“ за филм со современа тематика / „Оловна бригада“ 1980 Награда на филмот од рударите во Раша / „Оловна бригада“ 1980 Сребрен медал на CIDALC / „Оловна бригада“…

Ценевски е добитник на наградата „Златен објектив“ за 2013 година, која Кинотеката на Македонија ја доделува за исклучителен придонес во македонската кинематографија. Истата година беше првиот добитник и на наградата „Големата ѕвезда на македонскиот филм“, награда што ја воспостави Друштвото на филмските работници и ја доделува на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ во Битола.