Една слика илјада зборови, а две слики две илјади. Првата носи наслов Датум еден или Датум лани, а втората Датум два или Датум утре сабајле.
Едната е од ликовите во авионот, лани, кога „добивме“ датум од ЕУ и кога ТВ Телма неколкупати ја повторуваше веста на денот „дека Македонија добила датум од ЕУ“.
Втората слика или фотографија, ако веќе се инсистира на прецизност, е денешна, кога не добивме датум од ЕУ. На денешната фотографија недостигаат некои од насмеаните во авионот. Погледнете ги.
Инаку, се е исто само него го нема, односно сменето е. Името на Република Македонија.
(Д.Г.)