Информациите кои официјално се потврдени за ТВ Сител е дека ученичка од петто одделение вчера добила позитивен тест на Ковид-19 од основното училиште Ѓорѓија Пулевски во Општина Аеродром.
Во 14 дневна изолација ќе оди целиот клас од одделението и веќе е направена епидемиолошка анкета со останатите ученици. Според одлуката која ја добило училиштето доколку некое од соучениците е прележано или вакцинирано ќе може да доаѓа на настава, вакцинирана е наставничката која им предавала така што таа ќе продолжи да оди на работа и ќе им предава на учениците онлајн.
Во скопската општина Кисела Вода во основното училиште Кирил Пејчиновиќ две деца од 9 одделение од исто одделение вчера пројавиле симптоми на ковид 19, потврди за Сител директорот на училиштето. Едното од нив веќе има добиено позитивен тест и неговите соученици ќе одат во изолација, а за второто дете се уште се чекаат резултати од тестирањата.
До редакцијата на Сител пристигнаа информации за дополнителни случаи на ученици со симптоми на Ковид-19 во едно стручно средно училиште во Скопје но за сега тие не се потврдени.