На денешен ден Македонија ја потресоа два настана: почна тн. шарена револуција со која е разнебитена Македонија, а кај Смилковско Езеро беше извршен крвав масакр врз невини деца, кој до ден-денес се уште е без епилог.
На 12 април 2012 година, пред точно 9 години, на православниот празник Велики Четврток се масакрирани пет лица кај Смилковското Езеро. Убиените се четири момчиња на возраст од 18 до 21 година од населбата Радишани: Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацевски и Кире Тричковски, како и Борче Стефковски, 45 години, од селото Црешево.
Нека почиваат мир македонските синови!
Денеска, пак, шарените револуционери одбележаа 5 години од почетокот на тн. шарена револуција која започна на 12 април 2016 година и беше унакажано Скопје, како и други градови во Македонија од „шарените бомби со боја“.
На денешната настан, одбележување на годишнината, кој беше пренесуван во живо преку Фејсбук, се обрати и министерот за правда, Бојан Маричиќ, кој сподели дека „шарената револуција ни донесе слобода, која сега мора да ја чуваме и унапредуваме“.
– Велевме „Нема правда – нема мир“ и сега од позиција на министер, чувствувам огромна одговорност, но и задоволство што заедно со Владата работиме на зацврстувањето на правната држава и враќањето на довербата на граѓаните во правниот систем, изјави Маричиќ.
Дел од настанот беа и повеќе активисти (шарени револуционери) кои истакнаа дека се „среќни што живеат во општество каде што може да се зборува гласно“. И тивко се умира од коронавирусот, а власта нема обезбедено ниту доволно вакцини, ниту пак извршена имунизација.