Делегација на Македонскиот полициски синдикат предводена од претседателот Марјан Кицев, попладнево предадоа донација во новогодишни пакетчиња во два верски објекти во Дебар.
Донација доби женскиот манастир “Свети Ѓоргиј Победоносец” во село Рајчица, каде истата ја прими сестра Филотеа и џамијата во населбата Коњаре, каде му беше предадена на Кујтим Мирзо, имам на џамијата и професор во Медресе имам бег училиште во Скопје.
-Денес сме овде да подариме насмевка. Како Претседател на македонскиот полициски синдикат заедно со мојот тим ја имаме честа и радоста што може да ја предадеме донацијата новогодишни пакетчиња кој ќе бидат наменети за децата што престојуваат во манастирот и џамијата и изучуваат веронаука со цел да побудиме радост и насмевка кај дечињата, рече Кицев.
Додаде дека на дечињата и претставниците од манастирот и џамијата им посакале Среќна Нова 2024 година исполнета со безгрижност и благосостојба.
Донацијата е обезбедена од Претседателството на МПС и општествено одговорната компанија од Струмица, а ваква донација беше доделена и на почетокот на минатата година.
Во делегацијата на МПС беа и генерален секретар Зоран Кузманоски, заменик генералниот секретар Адријан Телќиу, помошник генералениот секретар Еврен Адемовски, претседателот на Совет Охрид при МПС Јетмир Реџепи и членот на Претседателство на МПС Ештреф Ахмети.
Фото: МПС