Добро е што Директорот на Агенцијата за разузнавање Муслиу призна дека неговата сопруга добила грант од 620.000 евра додека тој е функционер, пишува на социјалната мрежа на Фејсбук пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки.

-За да го добие грантот Конзорциумот на невладини од кои е дел неговата сопруга, морало да се потпише меморандум за чие потпишување налогот дошол од Владата.

Тоа што Муслиу бедно се брани и меша етнички карактер како и неговите од ДУИ кои секогаш кога се фатени во криминал се кријат позади идентична реторика, не го амнестира, туку напротив – покажува дека нема друг аргумент.

Многу пати сум кажал и пак ќе кажам.

Криминалот нема етничка линија, во Македонија криминалците од власта на СДС и ДУИ нанесуваат подеднакво штета и на Македонците и на Албанците и на сите други.

*А за тоа колку лојални граѓани се директорот Муслиу и неговата сопруга, ќе има време истото да го докажува многу брзо.
Спокојно, пишува Ковачки во својата објава.