Двајца мажи од американската држава Охајо ќе добијат казна затвор до шест месеци и парична казна од по 5.000 американски долари за учество во упадот во Капитол Хил на 6 јануари годинава, пренесува Курир.

Тие се изјасниле за виновни за хулиганство, објави Ројтерс.

Пресудите официјално ќе бидат соопштени во септември Откако упаднале, тие се фотографирале во канцелариите на спикерот на Претставничкиот дом (долниот дом на Конгресот) Ненси Пелоси.

Дерек Јанкарт (39) и Ерик Рау (28) се меѓу најмалку 20 лица кои ја признаа вината за насилниот упад во Конгресот.

Претходно 38-годишниот Пол Хоџкинс веќе е осуден на осум месеци затвор за попречување на работата на Конгресот.

Ана Морган-Лојд беше осудена на три години условна казна и општокорисна работа, а Мајкл Курцио беше осуден на шест месеци затвор, онолку колку што поминал затворен додека чекаше судовите да го решат неговиот случај.

Дури 535 Американци, приврзаници на поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, се обвинети за учество во незаконски активности во Капитол Хил на 6-ти јануари.
Содржината продолжува после огласот
“Простатитисот исчезнува за само два дена, главната причина е… ”
Некои од овие лица се обвинети за извршување на неколку незаконски дела одеднаш.