Двајца американски војници загинаа откако воен хеликоптер „АХ-64 Апач“ од базата Форт Худ се урна во поле во Тексас и предизвика пожар, соопштија денеска официјални лица.
Хеликоптерот се урнал во округот Бел, стотина километри северно од Остин, главниот град на Тексас.
Портпаролот на канцеларијата на шерифот на округот Бел, Клиф Колман, потврди дека двајцата војници загинале во несреќата.




