Двајца малолетници се здобиле со тешки телесни повреди откако четирицикл излетал од патот во гостиварското село Дебреше, информира Министерството за внатрешни работи.

Според МВР, на 1 август во 22:06 часот од Медицинскиот центар Гостивар било пријавено дека кај нив биле донесени две повредени лица од сообраќајна несреќа.

Полициски службеници излегле на местото на настанот и утврдиле дека во селото Дебреше, во близина на основното училиште, четирицикл без регистарски таблички, управуван од 14-годишник од селото Чегране, на кој како сопатник бил 13-годишник од Дебреше, излетал од патот.

Во несреќата двајцата малолетници се здобиле со тешки телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила екипа од ОВР Гостивар.