Мртви тела на две починати лица се пронајдени во атарот на село Миравци, гевгелиско, на место викано „Јаворица“.
Од МВР велат дека најверојатно станува збор за мигранти, а по овластување на Јавен обвинител, полициски службеници од ОВР Гевгелија извршиле увид и притоа кај едното лице била пронајдена картичка за идентификација издадена од Република Грција и било утврдено дека станува збор за малолетник од Авганистан, додека, кај другото лице не биле пронајдени документи за идентификација.
Случајот бил пријавен вчера коколу 9:30 часот во ОВР Гевгелија, а по наредба на Јавен обвинител телата биле дадени на обдукција.