Лидерот на ДУИ, Али Ахмети ја прекинал средбата со граѓаните во Чегране, поради трагичен настан кој се случил вчера на автопатот Тетово-Скопје.

-Би сакал да зборувам уште подолго вечерва, но таква е ситуацијата. Не знам дали знаете, но се случи тешка сообраќајна несреќа. Ја прекинувам средбата поради трагичниот настан. Жалам што можеби семејството не ни знае. Ние тука прекинуваме, рекол Ахмети пред присутните.

Една жртва и тројца повредени е исходот од страотната сообраќајка која се случи вчера попладнето на автопатот Тетово- Скопје. На лице место во незгодата починал педесет и тригодишникот Н.З од селото Чегране.

Според СВР Тетово несреќата се случила во близина на селото Ласкарци, вчера во 17,53 часот. Патничко возило „јагуар” со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Н.И.(49) од селото Чегране гостиварско, излетало од коловозот.