На 30.06.2019 година околу 19.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека Б.В.(29) од Скопје бил однесен од А.М.(29) и К.П.(29), во угостителски објект во Скопје и не му дозволувале да си оди поради нерасчистени должничко-доверителни односи.
По превземени мерки, полициски службеници го пронашле лицето Б.В. во угостителскиот објект, го лишиле од слобода А.М. и го привеле во полициска станица, а К.П. сам се пријавил во Полициската станица Карпош.