Две лица го загубија животот во сообраќајна несреќа што се случила синоќа во 00.20 часот на магистралниот пат Градско – Прилеп.
Патничко возило „Опел Астра“, управувано од О.И.(37) од Прилеп, изгубило контрола, удрило во заштитна ограда од мост и излетало од патот во провалија, соопшти денеска МВР. Притоа, возачот О.И. и сопатникот Р.М. (56) од Прилеп починале на местото на настанот. Смрт била констатирана од екипа на Итна медицинска помош.
Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Прилеп. За време на увидот, од 00.30 до 05.00 часот сообраќајот се одвивал со наизменично пропуштање на возилата. ц