Во Кавадарци, според информациите од Центарот за јавно здравје, еден ученик од основно училиште е позитивен на вирусот, а во изолација се 21 ученик од друго училиште, со кои позитивниот бил во контакт на забава.

Денеска бил најавен уште еден позитивен ученик од основно училиште во Кавадарци, но до затворањето на оваа информација епидемиолошките служби работеа на овој случај.

Позитивен ученик има и во средно училиште во Кавадарци и поради тоа цел клас ќе биде ставен во изолација – информираа од ЦЈЗ.