Во студио на ирската државна телевизија, изнесени се можеби најтешките обвинувања досега против ФИФА и тоа од страна на две фудбалски легенди: една на ирскиот, друга на германскиот фудбал.
Синоќешниот расплет во групата Б на Мундијалот во Русија, посебно настаните на натпреварот меѓу Португалија и Иран, го возбуди фудбалскиот свет на земјината топка. Дали Кристијано Роналдо требше да добие црвн картин? Дали е Иран оштетен?
Во студиото на ирската национална телевизија РТЕ, гостуваа Дитмар Хаман, поранешен фудбалер на Баерн и Ливерпул, ирската легенда Лиам Брејди, како и Кит Ендрјуз.
Хаман ја почнал анализата на натпреварот меѓу Иран и Португалија со едно потсетување дека уште лани рекол дека ВАР системот ќе ја уништи играта и дека на моменти е фарса.
„Тоа што е лошо во врска со ВАР системот го видовме во ситуацијата со Иран. Го сакам тој тим, ми даде повеќе радост отколку било која екипа на последните два-три турнира, заради начинот на кој играат, посветеноста, страста, однесувањето на 1:0, постојаното притискање на екипата која е посупериорна од нив. Имаше пенал за Иран порано во текот на натпреварот кој не им го досудија, потоа им досудија пенал, а во дополнителните минути имаа шасна за 2:1 што би им донело натамошен пласман. Морам да кажам, овој тим е извонреден, лимитиран е во техничка смисла, но тоа го надоместуваат со посветеност и страст. Бев апсолутно одушевен со нив и би требало да добијат херојски пречек во Техеран.“
Во приказната потоа се вклучил Лиам Брејди, човек кој во седумдестите поминал во Арсенал седум години, па две години во Јувентус, па Сампдорија и Интер, за потоа 17 години да биде на чело на младинскиот тим на Арсенал.
Тој смета дека Иран е оштетен два пати во мечот со Португалија и дека потоа му досудиле пенал кој не бил пенал. Наместо тоа, требало да се досуди пенал порано, а Роналдо морал да добие црвен картон заради удирање со лактот.
„Цврсто верувам дека на судиите им кажуваат што да прават одозгора. Знам, ќе кажете дека тоа не е случај, но ви тврдам дека за Роналдо на судијата му е кажано „дај му само жолт“. И бидејќи не е досуден првиот пенал за Иран, и бидејќи Иран беше тешко оштетен до тој момент, кажано му е: Дај им сега пенал!
Водителот се обидел да се огради, но овој продолжил:
„На пример, пеналот за Србија беше очигледен, но никој не кажува ни збор“.
На прашањето дали Роналдо повеќе му треба на првенството отколку обратно, Брејди бил директен:
„ФИФА е корумпирана веќе долго време, посебно откако Сеп Блатер дојде на чело. Точно, ако тие го сакаат Роналдо, тогаш не можат да му дадат црвен картон. Тој треба да отиде што подалеку“.