Убиство во скопската населба Бутел вечерва околу 22 часот.
Според привичните информации, едно лице е убиено од заседа додека било во својот автомобил, а друго е пренесено во болница.
Според Нетпрес и второто лице кое било рането, им подлегнало на повредите на една од скопските клиники.
Истиот портал тврди дека жртвите се од т.н клан Камбер.
Пукањето се случило во близина на ресторанот Султан.
Скопски Курир известува дека и трето лице е рането, а и според неговите информации, двете застрелани жртви се починати, но официјална потврда за тоа, како и за причините се убиствата – нема.