Двајца вработени во Амбасадата на Русија во Кабул загинаа во експлозија на бомба, а најмалку 10 лица се повредени, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

Според очевидци експлозијата се случила пред Амбасадата додека Авганистанци чекале визи.

Безбедносни претставници засега не соопштуваат никакви детали за експлозијата.

Талибанските безбедносни сили го блокираа реонот околу Руската амбасада во Кабул.