Истражувањето, во кое беа вклучени речиси 45.000 работодавачи во 43 земји, покажа дека 69 проценти од испитаниците пријавиле проблеми при наоѓање персонал, што е максимум за изминатите петнаесет години, според податоците на давателот на услуги за вработување ManpowerGroup.
Истовремено, 15 земји од Европа и Северна Америка предничат во намерите да ангажираат нови работници, и тие забележаа најголеми потреби за нова работна сила од 1962 година, односно од почетокот на редовното годишно истражување.
Компаниите во сите анкетирани земји објавија поголеми можности за вработување до крајот на оваа година во споредба со последните три месеци од 2020 година, јави Блумберг.
– Континуираниот недостаток на барани таленти значи дека многу компании имаат приоритет да ги задржат и обучат работниците со вештини кои им се потребни за да успеат додека продолжува економското закрепнување, изјави Јонас Призинг, извршен директор на ManpowerGroup.
Околу 40 проценти од испитаниците рекле дека нудат обука и развој на вештини за да привлечат и задржат таленти. Сличен процент сподели флексибилни работни распореди. Речиси една третина ги зголемија платите, додека други понудија бонуси за потпишување и повеќе време за одмор.
Стимулациите варираат во зависност од индустријата, при што компаниите за финансиски услуги нудат обука и развој на вработените и флексибилни работни места, додека производителите се повеќе склони да ги зголемуваат платите или флексибилните работни распореди.