Вчера во СВР Скопје, било пријавено дека пред авто сервис на паркингот кај СЦ „Борис Трајковски“ настанал пожар во возило „БМВ“ со бугарска национална ознака, сопственост на 26-годишниот М.Ј.Р од Скопје, а огнот го зафатил и возилото „Тојота Јарис“ со скопски регистарски ознаки во сопственост на 33-годишниот Б.Г. од Скопје. Извршен е увид.