Најмалку две лица загинаа во силна бура во Холандија, соопштија пожарникарите.
Врз едно лице падна дрво попладнево во Амстердам, а во Диемен на истокот на Холандија загина жена откако дрво паднало врз нејзиниот автомобил.
Невремето со налети на ветер на ниво на ураган парализираше делови од државата. Откорнати дрвја, уништени покриви и превртени камиони. Се урна покрив на фудбалски стадион во Хаг.
Холандскиот железнички и јавниот превоз е во прекин, а училиштата и центрите за тестирање и вакцинација се затворени. Екстремните временски услови предизвикаа откажувања и одложувања на летовите на аеродромот Схипхол во Амстердам.
Метеоролошката служба издаде највисоко, црвено ниво на тревога, за крајбрежните провинции на запад и големи области на север до вечер. Тие предупредија на „опасни ситуации“ поради силните налети на ветар до 130 километри на час.