Амбасадорот на Србија во Португалија, Оливер Антиќ  денеска загина во несреќен случај откако паднал од карпа во градот Кашкаишу во близина на Лисабон, соопшти локалната противпожарна служба.

Портпарол на противпожарната бригада не ги коментираше околностите на несреќата, само наведе дека службите за брза помош пристигнале на местото на инцидентот околу 13.30 часот и го пронашле 72-годишниот Антиќ жив, но тешко повреден.

Лекарите се обиделе да го спасат, но тој им подлегнал на повредите, изјави портпаролот.

Антиќ е роден во Белград, студирал право и почнал да работи како универзитетски професор во 1975 година.