Северна и Јужна Кореја разгледуваат отпочнување преговори за склучување мировен договор, кој би офатил и ветување од САД за ненапаѓање, соопшти висок претставник на властите во Сеул.
– За успех на средбата на врвот Северна Кореја-САД разгледуваме различни начини да ја смириме севернокорејската вознемиреност по прашањето на бебзедноста. Тоа би вклучило крај на непријателските односи, взаемно ветување за ненапаѓање и почетокт на прегооври за мировен договор, што ќе ја замени сегашната спогодба за примиерја, нагласи истиот извор.
Во исто време, јужнокорескиот претседател Мун Џе-ин изјави дека севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун на вчершаната нивна средба му ја потврдил својата желба да се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп на 12 јуни во Сингапур.
– Ким Џонг-ун ја потврди и својата посветеност на денуклеаризацијата на Корејскиот Полуостров, изјави денеска Мун на прес-конференција во Сеул, посветена на неговата вчерашна средба со севернокорејскиот лидер во пограничното место Панмунџом.
Мун нагалси дека Пјонгјанг е вознемирен поради тензиите во односите со Вашингтон и затоа сака билатерални средби со САД за гарантирање на безбедноста на земјата.
– Се надевам дека по успешните преговори меѓу лидерите на САД и Северна Кореја, ќе се одржи и трилатерана средба на врвот со учество и на Јужна Кореја, на која ќе биде потпишан и документ за официјално завршување на Корејската војна, додаде Мун.
Трамп синоќа изјави дека САД продолжуваат да се залагаат за одржување на првиот во историјата американско-севернокорејски самит на 12 јуни во Сингапур и подготовките за него се одвиваат добро.
– Многу добро се подготвуваме во врска со средбата на врвот со Северна Кореја. Се се одвива убаво. Ќе видиме на 12 јуни во Сингапур. Тоа не се промени, Ќе видиме што ќе се случи, изјави Трамп по средбата со Американнецот Џошуа Холт, кој вечера беше ослободен од Венецуела, по две години минати во затвор.
Трамп во четвртокот ја откажа неговата средба со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, закажана за 12 јуни во Сингапур, поради, како што нагласи, меговиот „огромниот гнев и отвореното непријателство во неодамнешната изјава“.
– Се радував однапред дека ќе бидам таму со вас. За жал, поради огромниот гнев и отвореното непријателство манифестирано во последната изјава, сметам дека е непримерно, во овој момент, да се одржи овој долго планиран состанок, напиша Трамп во писмо упатено до севернокорејскиот лидер, со кое ја откажа средбата.
Меѓутоа, Трамп во петокот изјави дека сепак е можно да се сретне со Ким на 12 јуни во Сингапур, како и што беше планирано. Тој порача дека ќе почека да види што ќе се случи во услови кога „сите играат игри”, додавајќи дека првичниот датум за средбата и натаму е во игра.
Белата куќа вчера соопшти дека нејзин тим ќе отпатува за Сингапур како логистичка поддршка за подготовка на евентуална средба меѓу Трамп и Ким.
Портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс изјави дека логистичкиот тим ќе отпатува за Сингапур за да го подготвува самитот, како што било планирано и пред откажувањето на средбата од страна на Трамп