Меѓу 32-та трупа што загинале на ‘Слива’ бил и трупот на една девојка. Д-р Крсте Битоски во ‘Историја на Крушево и крушевско’, за оваа девојка пишува:
‘Во оваа знаменита борба, биле убиени крушевчаните: Ѓорѓи Стојанов, Глигор Крстев, Кицу Далавир, браќата Киру и Миту Ангелеви, Коста Лапев, Ѓорѓи Наумов Бањар, Коста Штерев Куфич и Ѓорчу Качамакот…
Покрај споменатите, биле пронајдени вкупно 32 трупа и трупот на една девојка (Злата?) која што во општиот метеж што настанал барајќи го својот свршеник, дошла на ‘Слива’ и тука загинала.’
Турскиот командант Бахтијар паша дозволил да се погребаат загинатите, нарекувајќи ги ‘јуначки разбојници’, меѓутоа торбешите од селото Пласница во меѓувреме ги оплачкале и ги искасапиле поголемиот дел од труповите.
Дарко Јаневски
За разлика од битката на ‘Мечкин Камен’, која одамна е влезена во легендите за епопејата наречена Илинденско востание и Крушевска Република, битката кај ‘Слива’ како да е во втор план. Според спомените на неколкуте сведоци на тој настан, кои ги собирале мртвите тела на ‘Слива’, но и по раскажувањето на случајно спасените Халчо Тирчу од Крушево и војводата Диме Смугрев од Обршани, може со сигурност да се тврди дека и на ‘Слива’, исто како и на ‘Мечкин Камен’, борците пројавиле чудо од храброст и саможртва. Публицистот и современик на тие настани, Никола Киров Мајски запишал дека ‘во битката на ‘Слива’ учествувале околу 40 комити, кои цел час ја држеа војската на растојание и не им давале на Турците да напредуваат.
‘Еден по еден паѓаа младите момчиња. Турската коњица неколкупати се обиде да им влезе во окопите на востаниците, но секогаш беа принудувани да се кријат во шумата. Изнемоштени од натчовечкиот отпор, еден по еден паѓаа младите момчиња, за на крајот неколкумината живи да си ги свртат нагантите и да си ги разбијат черепите’.
Меѓу 32-та трупа што загинале на ‘Слива’ бил и трупот на една девојка. Д-р Крсте Битоски во ‘Историја на Крушево и крушевско’, за оваа девојка пишува:
‘Во оваа знаменита борба, биле убиени крушевчаните: Ѓорѓи Стојанов, Глигор Крстев, Кицу Далавир, браќата Киру и Миту Ангелеви, Коста Лапев, Ѓорѓи Наумов Бањар, Коста Штерев Куфич и Ѓорчу Качамакот…
Покрај споменатите, биле пронајдени вкупно 32 трупа и трупот на една девојка (Злата?) која што во општиот метеж што настанал барајќи го својот свршеник, дошла на ‘Слива’ и тука загинала.’
Турскиот командант Бахтијар паша дозволил да се погребаат загинатите, нарекувајќи ги ‘јуначки разбојници’, меѓутоа торбешите од селото Пласница во меѓувреме ги оплачкале и ги искасапиле поголемиот дел од труповите.
Има сведоштва дека злогласните торбешки злосторници од Пласница фатиле три жени од Крушево, кои дошле да си ги препознаат своите мртовци, и живи ги пешеле на ражен. Историјата треба да ја утврди вистината и за овој настан.