Претседателот на Собранието Талат Џафери вечерва во „Клик Плус“ на ТВ 21 изјави дека ако не се постигне потребниот цензус од 40 проценти, тој, на 12 мај, ќе ја преземе функцијата на претседател на Република Македонија.
В недела се одржува вториот круг од шестите по ред претседателски избори, а први по потпишувањето на договорот од Преспа. На 5-ти мај ќе се соочат Гордана Силјановска Давкова и Стево Пендаровски.