Претседателот на Собранието, Талат Џафери од свое име и од име на пратениците упати честитка по повод 24 Мај, Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј.
-Работата и делата на светите браќа Кирил и Методиј се сметаат за придонес од огромно значење за светската наука и култура. Нивните дела во кои е вложен многу труд, љубов и посветеност ја надминуваат рамката на време и простор и имаат вековна значајност. Писменоста, јазикот, знаењето, науката и вредноста на зборот се работи кои се од непроценлива вредност, како за еден народ така и за секоја индивидуа. Нивното наследство не се само нивните дела и работа туку и воспоставените вредностите според кои живееле и кои ги оставиле. Ви посакувам мудро и со почит кон нивниот лик и дело да го негувате тоа наследство, порачува Џафери во честитката.