„Сите служби од седници, веднаш кај мене! Покрај седници, сите позади што седат, сите до еден! … ви ебем! Вие што сте на плата и уште си ебавате мајката овде. А бе бегај таму! Бегај таму! БЕГАЈ! СУС БРЕ ДА ТИ ЕБАМ, ШТО БАРАШ… БЕГАЈ ТАМУ, ИЗЛЕЗИ!
Ова е снимка од расправата на претседателот на Собранието, Талат Џафери со служби од законодавниот дом, веројатно станува збор за неговата расправа со обезбедувањето на Собранието о позавршувањето ан вчерашната седница кога, според некои медиуми дошло до сериозен вербален инцидент меѓу спикерот на Собранието Џафери и припадници на собраниското обезбедување.
По завршување на седницата членови на собраниското обезбедување согласно протоколот влегле во салата за да ја проверат просторијата на пленарната седница по што Џафери им се обратил со погрдни зборови на членовите на обезбедувањето.
Дел од пратениците на власта кои биле сведоци на инцидентот сведочат за пцостии закани дека ќе бидат избркани од работа.
Според пратеник на СДСМ спикерот Џафери кој вжбил во ,,чудна емотивна ситуација” најверојатно помислил дека обезбедувањето дошло да го проверува него по што почнал со навредите.