ЏАФЕРИ ГО ИЗВЕСТИЛ СУДОТ: Имунитетот на Вељановски и на Димовски останува

/ 26.02.2019

Денеска попладне во Кривичниот суд пристигнало известувањето од Собранието дека не биле создадени „услови за одземање на имунитетот“ на поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски.

Иако поминаа неколку седмици откако беше прекината и седницата за одземање на пратеничкиот имунитет на поранешниот министер за земјоделство Љупчо Димовски, судот исто така денеска попладне бил известен дека нема одлука по барањето за определување притвор за пратеникот на СПМ.

Овие известувања доаѓаат откако изминаа роковите во Собранието можеше да донесе одлука за одземање на имунитетот на двајцата пратеници. Тоа значи дека ним не може да им се одреди мерката притвор. Останува нејасно која е тогаш смислата на мерката затворски притвор во случајот со Спиро Ристовски.


Од истата категорија