Одговор на претседателот Џафери на поднесеното Предлог барање од Апасиев.
„Ве известуваме дека претседателот на Собранието на Република … Македонија, Талат Џафери, денеска го прими „Предлог – барањето за покренување граѓанска иницијатива на државно ниво за распишување задолжителен дополнителен референдум“, поднесено од страна на овластениот предлагач, пратеникот Димитар Апасиев“, пишува Кабинетот на Џафери.
Но, се додава дека претседателот на Собранието Талат Џафери му ја врати иницијативата за референдум на Димитар Апасиев бидејќи не била во согласност со Деловникот на Собранието.
„Особено член 135 од истиот, а и поставеното прашање упатува на несоодветност од причина што заклучоците не се општ правен акт, закон или Устав, тие по нивната природа и содржина се став кој ја насочува Владата на … Македонија во нејзиното постапување“, наведува Џафери.
Тој се повикува на член 136 од Деловникот на Собранието, со кој е предвидено предлагачот да го дополни предлогот и да го усогласи со одредбите од Деловникот во рок од 15 дена. Ако не биде сторено тоа, ќе се смета дека предлогот на законот не е поднесен.