Талат Џафери во Собранието го пречекаа пароли со неговите зборови и пцовки, кои ги упати кон обичните вработени во Собранието. Извинувањето кое го бараат пратениците на опозицијата, како кон вработените во собраниските служби, така и кон сите граѓани, од Џафери не дојде. Од ВМРО-ДПМНЕ бараат оставка од Џафери, не само поради скандалозните зборови, туку и поради средба со делегација во која учествувал и чеченски политичар, поранешен пратеник во руската Дума и соработник на Кремљ.
-Има ли некој функционер во демократска земја кој навредува вработени и после тоа не понесува одговорност? Одговорот е нема друг освен Џафери. Срамно е што државните институции молчат за скандалот кој го предизвикал Талат Џафери среќавајќи се со безбедносно-интересно лице од Чеченија. Неодговорно е од Ковачевски, Пендаровски и Спасовски да молчат за средбите на нивниот Талат Џафери со лицето кое е основач на здружението „Муслиманите со поддршка за претседателот Путин”, изјави Ковачки.
Наместо извинување, Џафери на седницата објаснуваше зошто 10 дена не беше закажано продолжението на собраниската седница и реши да ја нападне опозицијата, бидејќи барала продолжение на седницата преку прес конференција.
-Факт е дека пред патувањето во Германија, имавме договор да не одржиме седница до 25-ти, меѓутоа факт е дека во текот на една прес конференција, како што се навикнале со комуницирање преку Фејсбук, имаше прес конференција во Собранието и од мене побаравте да продолжиме со работа, се разбира дека одговорот во петокот беше дека денес продолжуваме со работа, по ваше барање преку прес конференција, Џафери.