Денеска Бугарската православна црква организираше поворка со моштите на светите браќа Кирил и Методиј низ Софија.

Моштите се превземени од  Света Гора. Моштите беа пречекани на крстосницата на бул.„Христо Ботев“ и бул.„Александар Стамболијски“ и со литургиска поворка по булеварот моштите беа пренесени во Митрополитската катедрала „Света Недела“ каде ќе бидат изложени за народно богослужение до 25 мај.

Заради моштите на светителите, храмот ќе биде отворен деноноќно за посетителите.

Бугарска делегација редовно во посета на Рим се поклонува  на дел од моштите на Св.Кирил во базиликата Сан Клементе.

Сепак, тие не се во саркофагот во криптата, каде што секоја година на 24 мај официјална бугарска делегација положува цвеќе, туку се заѕидани лево од влезот на црквата.