Шефот на државата, преку својот официјален профил на Фејсбук, ги информира граѓаните на нашата земја дека од денеска е во Давос.

– Од денеска учествувам на Годишниот состанок на Светскиот економски форум во Давос. Одлична можност за размена на мислења и информации во време на глобални предизвици, објави Пендаровски.

Во објавата додава хаштаг World Economic Forum #WEF22 .

Дополнителен хаштаг би можел да биде малку поинаков од оној на екологистите: Мисли локално, делувај глобално!