Претседателот на Собранието Талат Џафер потврди дека ја суспендирал Комисијата за надзор на АНБ за отчетот на директорот Виктор Димовски за случајот Онишченко и дека пропаднал и петтиот тендер за глува соба во Собранието.

Џафери, како што објави ТВ Сител, вели нема услови Комисијата да продолжи со рaбота додека не се утврди која била причината и дали некој е одговорен за безбедносниот инцидент кога тонски протече отчетот на Димовски на собранискиот јутуб канал иако седницата беше затворена.

– Мора да знаеме како се случи тоа. Дали е случајно, дали е човечка грешка, дали некој прислушкувал. Тоа МВР ќе си утврди, го чекаме нивниот извештај, рече Џафери на брифинг со новинарите.

Џафери информираше дека пропаднал и петтиот тендер за изградба на тн. Глува соба во Собранието, која е НАТО услов. Не бил избран ниеден понудувач бидејки имало технички пропусти во понудите. Цената на тендерот е над 33 милиони денари, односно половина милион евра.

Нов тендер се планира на почетокот на наредната година.