Претседателот на Собранието, Талат Џафери, поднесе оставка на функцијата, информираат од законодавниот дом.
Оставката е поднесена согласно Член 115 од Деловникот за работа на Собранието.
-Воедно, известуваме дека го овласти потпретседателот на Собранието на Република … Македонија, Горан Мисовски, да претседава со пленарната седница закажана на 26 јануари 2024 година, информираат од Собранието.
Централното претседателство на Демократската унија за интеграција (ДУИ) на почетокот на декември минатата година одлучи Џафери да биде технички претседател на Владата на Република Македонија од 28 јануари во пресрет на изборите напролет.
Изборот на Џафери беше поддржан од СДСМ и партискиот претседател Димитар Ковачевски. Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески, ќе биде претседател на Собранието од 28 јануари.
Од ВМРО-ДПМНЕ децидни се во ставот дека нема да го поддржат Џафери на позицијата технички премиер и нема да гласаат.