После 5 години низ правосудните лавиринти на системот контролиран од СДС и ДУИ денес случајот Дурмо Турс има разрешница, која наместо да дoнесе правда за оваа трагедија, отвора нови прашања. Само во судство на СДС и ДУИ, првообвинетиот, газдата на Дурмо Турс, добива најмала казна од обвинетите (4 години), а возачот, шестообвинет, најголема (14 години), велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Само во судство на СДС и ДУИ, вештачење на пензиониран наставник од средно училиште има поголема вредност од вештачење на Машинскиот факултет.

Пет години му требаше на судството со СДС и ДУИ, да пресуди за 16 изгубени животи во превртен автобус со неисправни кочници.

Почитувани, затоа довербата во судството е само 2 проценти.