Ако сакаат нека поднесат уште 10 кривични пријави, но Собранието не се базира на Кривичниот законик туку на Уставот и Деловникот, вели за ТВ21 собранискиот спикер, Талат Џафери.
-Кривичните се прашање на дневна политика, неосновани, посочи Џафери
На прашањето на новинарот за двете кривични пријави поднесени од попозицијата поради пратениците кои позитивни на ковид влегоа во собранието и го загрозија здравјето на другите пратеници, Џафери истакна дека воопшто не се преоптоварува со овие прашања.
-Не бре брате, јас не се оптоварувам со овие прашања. Јас сум фокусиран на моите обврски како претседател на Собранието, го спроведувам Уставот и деловникот на работата на Парламентот, вели Џафери.
Со Устав, објаснува Џафери, пратеникот не сноси одговорност за ставовите и неговиот став во Парламент, затоа не може да има ниту кривична одговорност. Тоа е уредено и со протокол, пратеникот кој е позитивен на коронавирус да дојде на седница и да овозможи функционирање на Собранието.
-Доколку општата здравствена состојба не е тешка и е во домашни услови, со посебни протоколи за движење од домот до Собрание и обратно, не го става никого во опасност, не се исклучува можноста тој да учествува бидејќи е Уставна определба и санкција, посочи Талат Џафери.
Кривичните пријави на двете опозициски партии се покренати врз основа на тоа дека е прекршен Кривичниот законик и Законот за заштита на населението од заразните болести.
По седницата во неделата, Државниот трудов инспекторат направи вонредна инспекција во законодавниот дом. Констатирал дека Собранието работи врз основа на усвоените протоколи од Министерството за здравство – Комисијата за заразни болести, затоа нема нерегуларности во присуството на заразените пратеници на пленарната седница под посебни услови.