Македонскиот првак Шкендија утре заминува за Мурска Собота каде во вторник ќе се обиде да му се реваншира на словенечкиот претставник Мура за поразот во Скопје од 0:1 рамки на првото квалификациско коло во Лигата на шампиони.
Играчот за врска на Шкендија, Камер Џака, во изјава за клупскиот сајт посочи дека македонскиот шампион може да ја елиминира Мура и да го продолжи настапот во елитното клупско натпреварување.
-Жалам што го загубивме првиот натпревар од Мура, особено што по долга пауза ги имавме нашите навивачи на трибините. Неверојатно е како не успеавме да постигнеме барем еден гол од толку многу шанси, кои ги имавме пред противничкиот гол. Не реализиравме пенал, а имавме и многу други шанси, особено јас и капитенот Егзон Бејтулаи во судиското продолжение, изјави Џака.
Сепак, сето тоа, посочува Џака, сега е зад нас и целото наше внимание е насочено кон реваншот.
-Знаме каков противник не очекува, увидовме дека можеме да ја играме нашата игра и единственото нешто што треба да го смениме е нашата реализација. Верувам дека имаме шанси да ја елиминираме Мура и да се пласираме во второто коло, додаде Џака.