Непуштањето Бугари во РСМ е вистински срам и неуспех на бугарската политичка класа. На денот на 151-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, видовме како земја која не е дел од ЕУ, земја во која вој ува антибугарскиот македонизам, ги понижува Бугарите кои сакаат да се поклонат пред саркофагот на бугарскиот револуционер“.
Ова за бугарска Нова го изјави европратеникот Ангел Џамбаски, коментирајќи ги информациите за Бугари запрени на границата.
– Ќе одиме во С. Македонија кога и како ќе одлучиме и кога и како сакаме. Ние сме ВМРО и нема да дозволиме никој да ни диктира кога да одиме, каде да одиме и каде да не одиме. Но, тоа што се случи на границата со РСМ е вистинскиот срам и неуспех на бугарската политичка класа која гласаше за укинување на таканареченото вето.Затоа што видовме како земја која не е дел од ЕУ, земја во која вој ува антибугарскиот македонизам, ги понижува Бугарите кои сакаат да се поклонат пред саркофагот на Гоце Делчев“, рече европратеникот.
Според европратеникот Џамбаски, тој веќе ги известил колегите од ЕП поради постапките на Скопје.
– Сепак, резултатот ќе биде нула. Овие луѓе се слепи, неми и глуви кога станува збор за кршење на правата на Бугарите во Македонија. Ама кога тепаат Бугари во РСМ – траат. Ова е вистинскиот срам и вистинскиот неуспех, нагласи тој.