Кајли Миног наполни 50 години, а роденденот го прослави во неделата вечерта во Лондон, во друштво со најблиските пријатели и соработници.
За да ги вклучи во прославата и цвоите фанови, пејачката објави спот за новата песна под наслов „Голдн“.
Покрај деловите од спотот во кои таа е дотерана, Кајли снимила и крупен кадар на лицето на кое не ставила ни ронка шминка.
– Се чувствувам добро овие години. Возбудена сум од се. Станав свесна за времето. Доколку сакаш нешто да сториш, најдобро е тоа веднаш да го направиш. Мора да бидеш ефикасен. Знам, немам 25 години и не сум безгрижна како на таа возраст. Животот ти фрла погрешни топки (израз во бејзбол), а ти треба секогаш да управуваш. Има различни предизвици во животот, но треба да се оди само напред, вели пејачката во интервју по повод роденденот за „Фејрфакс медиа“.
Погледнете на видеото како изгледа самоуверенета и смела „џепна Венера“ по 30-годишната кариера.