Соседите го нарекоа Џејми Оливер вистински херој откако славниот готвач успеал да фати и да собори агресивен провалник.
Џејми доживеал драма кога крадци се обиделе да ја ограбат неговата вила вредна 10 милиони евра. Тој уживал со своите деца, кога слушнал звуци од својот дом. Готвачот веднаш се упатил кон провалниците и почнал да трча по нив кога тие се разбегале низ улицата. Во еден момент, Џејми успеал да фати еден од нив и после кратка борба, го соборил на земја и го држел додека дошла полицијата.
– Навистина беше неверојатен. Додека сите шокирано гледаа, Џејми дури и се шегуваше со полицијата и им се заблагодари што пристигнале брзо – тврдел очевидец.
Друг очевидец пак посочил дека она што го направил 43-годишниот Оливер било многу храбро и несебично.