Магазинот за мажи „Максим” (Максим) секоја година објавува листа на 100 најпривлечни жени во светот. Очекувано, Кејт Аптон повторно е на врвот, поточно на прво место за 2018 година.

Нејзините фотографии ги обележаа страниците на летниот број на списанието, а фотографиите беа направени во Израел.

Жирито на списанието ја објасни одлуката со следниве зборови: „Никој така не ги претставува САД како овогодишната победничка. Како и нејзиниот пример, Марилин Монро, Кејт е русокоса со завидни облини, која нè разоружува со нејзината неодолива насмевка, но и не импресионира со нејзиното однесување во јавност и вредна работа “.

Кејт неколку пати е избрана за најсексипилна жена, и е особено се истакна во категоријата „природни облини”.

Инаку, Кејт Атон и нејзиниот сопруг Џастин Верландер го чекаат своето прво дете.