Дека финалето на УС Опен помеѓу Новак Ѓоковиќ и Хуан Мартин дел Потро беше навистина напнато, сведочи и изразот на лицето на холивудската ѕвезда Мерил Стрип.

Не беше потребно долго време за навивачите да ја забележат реакцијата на Мерил на она што се случува на теренот, и не е за изненадување што актерката малку го украде шоуто.

„Сите ние сме Мерил Стрип додека го гледаме финалето на УС Опен”, „Нејзините изрази на лицето говорат се“, „Се чини Мерил ќе добие срцев удар поради тенисот”, коментираа на Твитер .