Американскиот произведувач на возила Џенерал Моторс (ГМ) планира да го запре производството во осум фабрики до крајот на 2019 година, од кои пет се во Северна Америка. Со тоа без работа ќе останат 14 илјади лица.

Одлуката доаѓа по зголемувањето на трошоците на работење, побавната продажба на автомобили, а во момент кога компанијата се пренасочува кон производство на камиони, електрични и самоуправувачки возила.

Запирањето на производството се должи и на тоа што купувачите во Северна Америка се преориентираат по помали на големи возила како теренски возила и камиони, кои сега претставуваат 70 отсто од вкупната американска продажба на возила.

Извршната директорка на ГМ Мари Бара изјави дека компанијата сака да инвестира во електрични и самоуправувачки возила, за кои се очекува дека ќе го поттикнат идниот раст на економијата. Таа вели дека, исто така, ГМ реагира и на зголемувањето на трошоците, вклучувајќи ги новите царини на суровини како што е челикот.

Со спроведувањето на планот, Џенерал Моторс ќе заштеди околу шест милијарди долари до крајот на 2020 година.

ГМ соопшти дека затворањето на погодините во Северна Америка ќе влијаат на повеќе од 6.100 работници платени на час во пет фабрики, како и на повеќе од 8.000 работници со месечни фиксни плати.

На светско ниво, ГМ, кој кон крајот на минатата година вработуваше околу 180 илјади работници, планира скусување на нивниот број за 15 отсто, како и намалување на 25 отсто од раководниот кадар.