Американската актерка Џенифер Анистон, која глуми со Адам Сендлер во „Мистерија за убиство 2“, криминална комедија со меѓународна актерска екипа, вели дека „на светот му треба хумор“, особено во „поделените“ Соединетите Американски Држави.

„Комедијата еволуираше, филмовите се променија. Сега е малку незгодно затоа што треба да се биде многу внимателен, што им отежнува многу на актерите, бидејќи убавината на комедијата е да се смееш на себе, да се смееш на животот“, заклучила актерката за време на тркалезната маса со новинарите во Париз оваа недела по повод промоцијата на филмот.

Таа потоа извика: „На светот му треба хумор! Не можеме сѐ да сфаќаме премногу сериозно. Особено во САД. Сите се премногу поделени“.

„Телевизиската серија како Пријатели, која беше огромен хит во 1990-тите, денес не би била можна со истото сценарио“, смета таа. „Сега има нова генерација, деца кои сега гледаат епизоди од „Пријатели“ и ги сметаат за навредливи“, рече таа.

„Не знам… секогаш има нешто навредливо за сите овие денови“, додаде актерката. Но, Friends исто така се занимаваше со теми како хомосексуалноста на начин кој беше отворен и разбирлив, секогаш низ призмата на хуморот. „Имаше работи кои не беа намерни и работи за кои можеби требаше повеќе да размислуваме“, признала Анистон. „Но, немаше иста чувствителност како денес“.

Токму овие проблеми можеби се причината поради која Холивуд во последните години снима помалку комедии, што според Анистон е трагедија. “Знаете што друго се смени во комедиите? Изгледот”, се пошегувал Сендлер покажувајќи ја својата облека.

„Се сеќавате кога правевме комедии? Тие ви даваа буџет, не премногу пари, и ви велеа: „Направи сѐ што можеш со тоа.“ А сега сакаат да изгледаме убаво. Работиме повеќе на тоа “ додаде тој низ смеа.

За „Murder Mystery 2“, Анистон и Сендлер се облечени како туристи и се однесуваат како збунети Американци. Првиот дел од филмот, објавен во 2019 година, ги следеше авантурите на полицискиот детектив (Сендлер) кој добива неочекувана помош од неговата сопруга фризерка (Анистон) да го реши случајот. Во продолжението, кое ќе се појави на Нетфликс во петок, двајцата патуваат во Париз откако нивниот богат пријател е киднапиран.