Илон Маск откри дека секој ден појадува крофни.

Тој го напишал ова на Твитер како одговор на објавата на Питер Дијамандис, лекар и извршен директор на непрофитната организација XPRIZE. „Шеќерот е отров“, напиша Дијамандис, што го поттикна Маск да ги сподели своите навики во исхраната. „Секое утро јадам крофна. Се уште сум жив“, напишал Маск.

„Во ред, Илон, дозволете ми да бидам поконкретен. Шеќерот е отров со бавно дејство“, напишал тогаш Дијамандис.

Тоа што Маск редовно јаде крофни за појадок не е изненадувачки со оглед на неговите претходни коментари за неговите навики во исхраната. „Попрво ќе јадам вкусна храна и ќе живеам пократок живот“, му рекол Маск на Џо Роган во 2020 година. Потоа додаде дека и тој вежба, но навести дека не ужива премногу. „Не би вежбал ако не морам“, рече тој.