Една од најпознатите фитнес-двојки, Џенифер Лопез и Алекс Родригез, се познати по своите инспиративни видеа. Секојдневно ги прилагодуваат своите деловни обврски за да можат заедно да тренираат, а сега ги покануваат и другите да им се придружат.
„Придружете ми се на мене и Џенифер во 10-дневен предизвик. Нема јаглени хидрати, нема шеќер. Кој е за?“, праша Родригез, објавувајќи видео од еден од нивните интензивни тренинзи.
„Можам да го сторам тоа”, „Почнувам денеска”, „Јас ќе умрам без шеќер, но ако можете вие, можам и јас”, се некои од коментари на следбениците, кои одлучија да се одѕват и да го испробаат овој предизвик.